top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синди Крафорд упати честитки до сите спортисти кои учествуваа во Олимпијадата

Updated: Aug 11, 2021

10.08.2021 Avgust Vtornik

Синди Крафорд ги слави олимписките спортисти кои настапуваа изминатите неколку недели на Игрите во Токио. Кралицата на модните писти (55) објави видео на кое вее американско знаме додека стои на тераса со океан во позадина. „Олимпијадата донесе толку многу возбуда. Бевме сведоци на импресивна извонредност на високо ниво“, напиша Синди во објавата на својот Инстаграм, а видеото го наслови „Честитки за сите спортисти!“ Летните игри 2020 завршија во неделата, кога Токио го изгасна олимпискиот пламен и го поздрави Париз како следен домаќин во 2024 година. САД заминаа од Токио со најголем број златни медали, а потоа следуваат Кина и Јапонија.



5 views

Comments


bottom of page