top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Синди Крафорд го одбележа Четврти јули: Благодарна на тоа што сум Американка!

05.07.2021 Juli Ponedelnik

Таа е позната по тоа што ја истакнува својата импресивна фигура на насловните страници на многубројни списанија и публикации. А во неделата Синди Крафорд привлече внимание на социјалните мрежи кога го прослави Денот на независноста со најнова фотографија на брод. 55-годишната Синди, поранешен супермодел и актерка, а сега успешна претприемачка, напиша и кратка порака во описот на објавата за да го одбележи празникот и да даде свој коментар на специјалниот ден. Нејзината порака гласи: „Среќен Четврти јули! Толку благодарна на тоа што сум Американка, дури и со сите нејзини несовршености“. На прв поглед се чини дека е реклама за часовниците „омега“. На фотографијата иконата на модната индустрија носи бел фустан, кој покрива голем дел од нејзиното потемнето тело. Синди е боса на славеничката фотографија и носи часовник „омега“, што одговара на бојата на облеката.



1 view

Comments


bottom of page