top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Симоне: Ова е најтешкиот момент, ама клубот ќе го добие она што му е потребно

Атлетико Мадрид не успеа да обезбеди биле за осминафиналната рунда во Лигата на шампионите иако имаше идеално можност за тоа да остане во игра до последното коло, односно во директниот дуел со Порто да решава за нокаут фазата.

Секако популарните „душекџиите“ не реализираа пенал за победа во дуелот со Баер Леверкузен, па тој бод може само да им помогне да играат во Лига Европа со тоа што допрва треба тоа да го потврдат.

Ова секако е удар за шпанскиот прволигаш, но и за тренерот Диего Симеоне кој можеби за првпат остана без зборови, ама најави дека ќе направи се за да клубот го оствари она што е потребно.

-Ова е најтешкиот момент, но јас ќе продолжам да инсистирам овој клуб да го добие она што му е потребно, како што е Лигата на шампионите, -порача Чоло кој има договор до 30 јуни 2024 година.


0 views

Comments


bottom of page