top of page

Симон Трпчевски го промовираше „Македонисимо“ пред скопската публика/ФОТОГАЛЕРИЈА

Симон Трпчески и пријателите вечерва на платото пред Националната опера и балет во Скопје го промовираа музичкиот проект „Македонисимо“. По оваа скопска промоција, следуваат и концерти во Штип и Битола на 25 и 26 септември. Овој проект, кој во меѓувреме го освои светот со музичкиот материјал изнедрен од македонска почва, пред македонската публика ќе биде претставен бесплатно.

Албумот „Македонисимо“, кој беше издаден од британската етикета „Лин рекордс“, на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на композиторот Панде Шахов. Тимот на „Македонисимо“, кој го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, и Влатко Нушев, удиралки, пред присутните ги презентираа преработките на најубавите македонски ора и песни.






















 
 
 

Comments


bottom of page