Симиќ собираше скокови, Тексас Арлингтон го претрпе првиот пораз во НЦАА лигата кошарка
09.11.2026 Noemvri Ponedelnik
Тексас Арлингтон Маверикс на македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ го претрпе првиот пораз во НЦАА лигата и тоа во третиот натпревар.
Тео и другарите имаа успешни изданија против Норт Тексас Далас и Далас, но рано утрово немаа одговор за Хаваи во Рејнбоу Класик. Првото полувреме мина во изедначена борба и заврши со резултат 27:27, меѓутоа во вториот дел домаќините подобро се снајдоа, беа поефикасни (44:35) и на крајот запишаа триумф од 71:62 со што го задржаа максималниот учинок (три од три).
Симиќ одново доби шанса од клупата и за 19 минута на паркетот уфрли 7 поени, собра 7 скока (втор во својата екипа зад Бундало), имаше 2 асистенции, 1 украдена, но и 5 загубени топки. Хенкинс со 23 поени беше прво име кај поразените, додека Дејвидсон со 21 кош ја предводеше листата на стрелци кај победникот.







Comments