Симиќ меѓу десетте млади ѕвезди кои оставија печат во квалификациите за СП (ВИДЕО)
Талентираниот македонски центар, Теодор Симиќ се најде во одбрано друштво на десет млади играчи кои блеснаа на стартот на кавлификациите за Светското првенство кое се игра во 2023 година.
Симиќ се најде во изборот на ФИБА заедно со Филип Петрушев од Србија, Александер Балчеровски од Полска, Микаел Јантуен од Финска, Хрватот Роко Пркачин, потоа Јам Мадар од Израел, Џастус Холац од Германија, Кеј Ван дер Вурст Де Врис од Холандија, Кенан Камењаш од Босна и Херцеговина и Бугаринот, Емил Стоилов.
-Најмладиот играч на листата, Симиќ не покажа страв за Македонија на меѓународната сцена. Талентот на Барселона играше само 14.7 минути на двата натпревари, но Симиќ остави белег со 18 постигнати поени против Шпанија, со не помалку од 75 отстотна реализација
-17-годишното момче формираше одлично партнерство во Џејкоб Вајли, тие двајца беа единствените играчи на Македонија кои имаат најмлаку 10 поени по натпревар за Македонија при стартот од 0-2, -напишаа од ФИБА.
Komentarai