top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Симиќ го одигра најефикасниот меч по враќањето на терените


07.02.2024 Februari Sreda

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ го одигра најефиканскиот меч по враќањето на терените и тоа против Посушје во првата лига на Босна и Херцеговина.

Симиќ полека фаќа ритам по долгата пауза поради здравствени проблеми, па така ја доби довербата од тренерот Зоран Кашчелан и се најде во првата петорка на Борањ Бања Лука во дуелот со Посушје кој фаворитот го доби со 91:68.

Центарот мина 14 минути на паркетот и уфрли 10 поени со 7 скока и 1 украдена топка. Единствен проблем за нашиот репрезентативец беа личните грешки и поради пет фаули мораше предвреме да го заврши натпреварот.

Најефикасен играч кај победникот беше Делалиќ со 16 поени, додека Март Џуниор исто беше автор на 16 кошеви кај домаќините.

Борац има учинок 10-7 и се наоѓа на четвртото место на табелата, во наредното коло го дочекува Орловик.


4 views

Comments


bottom of page