top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Симеоне лут на судиите: Ни ги објаснуваа правилата и сега ни судат ваков пенал

Атлетико Мадрид ја победи Селта на отворањето на новата сезона, но тренерот Диего Симеоне има забелешки на судиите.

Пред почетокот на првенството, судиската комисија им ги објаснила правилата поврзани со играњето со рака и ситуациите кога ќе бидат судени пенали, но Аргентинецот вели дека на неговиот клуб му е суден непостоечки пенал.

Симеоне е убеден дека топката прво го удрила Љоренте во телото, а дури потоа во рака, но судиите го потврдија пеналот.

– Пред некој ден имавме состанок со судиите и пак не ги знаеме правилата за играње со рака, затоа што на терен се случува нешто друго, – изјавил Чоло.


3 views

Comments


bottom of page