Симеоне за понудата од Саудиска Арабија: Вистината е една…
Саудиска Арабија е дестинација која привлекува се поголем број на познати, квалитетни играчи, но и тренери кои гледаат шанса за идеална заработка на Блискиот Исток.
Меѓутоа не секој е привлечен од идејата да оди во оваа земја, а еден од оние кој им кажа „НЕ“ на саудиските милиони е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
-Дали саудиската понуда ме натера да се двоумам? Не, вистината е дека јас сум многу среќен таму каде што сум. Многу сум среќен што сум во Атлетико. Не се двоумев со понудата од Саудиска Арабија, дури и ако истата ја зголемија. Среќен сум во Атлетико, -порача популарнито Чоло за „Атлетико“.
Диего од 2011 година ги води популарните „душекџиите“ со кои нема освоено само уште еден важен трофеј, оној од Лигата на шампионите кој му избега во две прилики во сезоните 2013/2014 и 2015/2016.
Comentarios