Симеоне е најплатен тренер во Европа, заработува речиси двојно повеќе од Гвардиола
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2022
- 1 min read
Диего Симеоне сезонава не може да му донесе уште една шампионска титула на Атлетико Мадрид, но заработува најмногу меѓу елитните европски тренери.
„Лекип“ направи рангирање на најплатените тренери во европскит елиги, а Симеоне е убедливо прв со месечна плата од 3,33 милиони евра.
Аргентинецот заработува речиси четири пати повеќе од Карло Анчелоти, кој за предводењето на Реал Мадрид добива по 910.000 евра месечно.
Далеку зад Симеоне е и Пеп Гвардиола кој добива 1,89 милиони евра месечно, по што следуваат Антонио Конте и Јирген Клоп, чија месечна плата изнесува 1,49 милиони евра.
На петтата позиција е Масимилијано Алегри, чија плата во Јувентус е 1,17 милиони евра месечно.
За споредба тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман добива по 666.000 евра месечно, а Жозе Мурињо (770.000 евра) има поголема плата од Симоне Инѕаги (620.000 евра).

Comments