top of page
Search

Симеоне: Директорот кажа нешто што многумина се плашат да го коментираат за Реал

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Мигуел Хил Марин директно го нападна Реал Мадрид и посочи дека „кралскиот клуб“ ја доведува во прашање регуларноста на Ла Лига со своите константни притисоци кон судиите, став кој експресно предизвика лавина од реакции во Шпанија.

Ваквата изјава на извршниот директор на Атлетико Мадрид дојде само неколку дена по победата над градскиот ривал од 3:1, по која гостите во бели дресови имаа доста забелешки за арбитражата и поништениот гол при резултат 2:1.

Атлетико Мадрид како клуб не ги коментираше зборовите на својот директор, но затоа тоа го направи Чоло Симеоне по победата од 0:2 на гостувањето кај Осасуна.

– Мигуел го кажа тоа што многумина сакаат да го кажат, но се плашат да го искоментираат. После натпреварот со Реал, повеќе се зборуваше за судијата, отколку за тоа што се случи на теренот.

– Тоа е форма која веќе сме ја виделе, се создава медиумски страв после сето она низ што мораше да мине судијата после натпреварот кој го одигравме пред неколку дена, – изјави Симеоне кој застана во одбрана на својот директор.


 
 

Comments


bottom of page