top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Симеоне „грмеше“ на химната на ЛШ, Елмас „мртов ладен“

Калчолигашот Наполи продолжи со импресивните резултати и запиша нова победа овојпат во Лигата на шампионите каде беше совлада составот на Ренџерс со 3-0.

Ова беше дуел на кој домаќините го потврдија статусот на фаворит, класата која ја имаат во актуелната сезона, но и дуел на кој нашиот репрезентативец Елиф Елмас конечно доби шанса од првата минута од тренерот Лучијано Спалети.

Елмас можеше директно да ја почувствува атмосферата на теренот, да ја слушне химната на Лигата на шампионите која секогаш буди посебни емоции. Меѓутоа Елиф остана „мртов ладен“ за разлика од неговиот соиграч Џовани Симеоне кој едноставно врескаше, „грмеше“ додека одеше стихот „The Champions“.


0 views

Yorumlar


bottom of page