top of page

Симеоне: Би сакал 80 минути да го напаѓаме Баерн фудбал

Nov 3
2 min read

03.11.20-26 Noemvri Vtornik

Атлетико Мадрид-Баерн Минхен е еден од натпреварите кои ќе ја одбележат утрешната програма во Лигата на шампионите, средба закажана од 21 часот на „Метрополитано“.

Популарните „душекџии“ се во налет, бележат одлични резултати и пред своите гледачи ќе имаат можност да му земат мерка на голем тим, тим кој се соочува со доста проблеми кога е во прашање играчкиот кадар, а ќе отсуствува и тренерот Венсан Компани.

Тренерот Диего Симеоне му се радува на предизвикот, но а свесен дека очекува тешка задача и покрај тоа што противникот нема да биде комплетен на ова соочување.

-Би сакал да напаѓаме 80 минути и да им оставиме само десет, како и да постигнеме гол по комбинација од 20 додавања, слично како на натпреварот со Леванте. Сепак, реалноста е поинаква – се соочуваме со моќен и солиден тим. Ќе имаме тешки моменти и ќе мора да најдеме излез од нивниот одличен пресинг, -истакна Чоло кој долго време го води Атлетико.

-Три работи ми минуваат низ главата. Исклучително сум благодарен за она што е постигнато во овие 15 години и за сè низ што поминуваме клубот, навивачите и ние. Мораме да уживаме во моментот и да му пристапиме со ентузијазам и надеж. Се соочуваме со исклучително силен и квалитетен противник, па ќе мора да ја насочиме играта на начин што ќе можеме да им наштетиме, -порача Аргентинецот кој го пофали Хари Кејн.

-Прво сакам да му честитам за заслужената „Златна топка“. Тој е неверојатен фудбалер, отсекогаш ми се допаѓал. Со своите години и искуство, тој најде подобро позиционирање, без да го изгуби својот инстинкт за голгетер. Тој е исклучително посветен на дефанзивниот план, помага во изнесувањето на топката и во исто време е роден голгетер. Неговиот талент е непроценлив за фудбалот и за тинејџерите, бидејќи остава наследство дека со многу работа може да се достигне врвот, -порача предводникот на шпанскиот прволигаш.


 
 
 

Comments


bottom of page