top of page

Симболичен настап на Јада во крос-кантри спринт на 1,5 километри

Updated: Feb 9, 2022

08.02.2022 Februari Vtornik

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада имаше симболичен настап на денешниот спринт на 1,5 километри на Олимпијадата во Пекинг.

Јада го освои 85. место во квалификациите на кои се појавија 90 натпреварувачи, од кои 88 ја завршија трката.

Македонецот на целта стигна со време 3:29.13 минути или 44,1 секунди побавно од првопласираниот Лукас Шанава од Франција.

Четвртфиналната трка е закажана за 12 часот, полуфиналето за 12.45, а спринтот кој ќе одлучи за медалите е предвиден да стартува во 13.11 часот.


 
 
 

コメント


bottom of page