top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Силвестер Сталоне ги распродава реквизитите од филмовите

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Од боксерските ракавици во филмот „Роки“ до лентата за коса во „Рамбо“, сувенирите на холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне ќе бидат понудени на декемвриската аукција во Беверли Хилс. Како што наведува агенцијата „Ројтерс“, се продаваат речиси 500 предмети на Сталоне, вклучувајќи костими, тетратки и други спомени од најпознатите негови филмови.

Проценетата вредност на боксерските ракавици на популарниот Слај од филмот „Роки 3“ е од 10 до 20.000 долари, а со рака напишаните тетратки од првите четири филма за „Роки“ може да достигнат цена од 40.000 до 60.000 долари.

На љубителите на „Рамбо“ им се нуди и колекција ножеви од првите три филма по цена од 10 до 20.000 долари за секоја, а лентата за коса што Сталоне ја носел во овој филм се проценува на од 8 до 10.000 долари.

– Сталоне е едноставен спортски тип, па луѓето лесно се поврзуваат со него – изјави директорот на аукциската куќа „Џулиен аукшн“, Мартин Нолан.

Одговарајќи на прашањето зошто глумецот, кој сега има 75 години, ги продава своите работи, Нолан одговорил дека Сталоне сака да се сели и затоа ја продава куќата и сѐ во неа. Тој се надева дека на аукцијата добивката од продажбата на личните предмети на Сталоне ќе изнесува од милион до милион и пол долари.


2 views

Comments


bottom of page