top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Силва по поразот од Ливерпул: Загубивме поради срамен пенал

Фулам вчера доживеа пораз на гостувањето кај Ливерпул, а домаќините постигнаа само еден гол и тоа од пенал.

Според Марко Силва, менаџерот на Фулам, судијата досудил срамен пенал и му помогнал на противникот.

– Навистина е срамно да се загуби натпревар поради таков пенал.

– Беше досуден срамен пенал, иако покрај судијата, имаме и ВАР кој треба да биде негова корекција.

– Не зборував со судијата, сите што се чесни знаат дека тоа не беше пенал, останува да ги видиме реакциите наредните денови, но за мене не постоеше пенал, – вели менаџерот на Фулам.

Лондонскиот клуб е во сигурната зона и остана на десеттата позиција и по овој минимален пораз од Ливерпул, кој пак се надева на дополнително приближување до Топ 4 зоната.


0 views

Comments


bottom of page