top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Силва откри што го мотивира најмногу по останувањето во Сити: Досега никој не успеал во тоа

Бернардо Силва и дефинитивно ќе одигра најмалку уште една сезона во дресот на Манчестер Сити, нешто што беше потврдено со вчерашното продолжување на неговиот договор до 2026 година.

Англискиот и европскиот шампион успеа да го задржи Португалецот, што беше и голема желба на менаџерот Пеп Гвардиола, а Силва не крие дека има посебна мотивација во новата сезона.

– Фактот што Сити освои пет титули последните шест сезони во Англија, а сега и Лигата на шампионите, парчето од мозаикот за кое досега сите велеа дека недостасува, го прави еден од најдобри, ако не и најдобар тим во моментов.

– Слушнав дека досега никој не успеал да освои четири титули по ред во Премиер лигата, па сакаме да се обидеме да го направиме тоа.

– Луѓето мислат дека е лесно да се освои првенството бидејќи сме го освоиле пет пати последните шест сезони, но не е така. Секоја година е навистина тешко да се стигне до ваков резултат, – вели Силва.


1 view

Comments


bottom of page