Силва објасни зошто остана во Сити: Имаше само една понуда
Бернардо Силва беше еден од играчите за кого се говореше во завршницата на преодниот рок, се зборуваше за негово заминување, но тој на крајот остана во Манчестер Сити. Португалецот се поврзуваше со Барселона и Пари Сен Жермен, меѓутоа шпанскиот и францускиот тим не успеаа да го „украдат“ играчот кој е еден од поомилените на тренерот Пеп Гвардиола. Самиот Силва беше смирен цело ова време и сега откако се спушти завесата за трансфери тој даде одговор зошто остана на „Итихад“. -Ова е еден од најдобрите три клуба во светот во моментов, така што не може да ми биде подобро од овде. Ова е клуб во кој сакам да бидам и среќен сум. Одлуката не беше тешка бидејќи немаше понуди. Имаше една понуда од еден тим, не повеќе од тоа, така што беше многу лесно за мене и за клубот бидејќи единствената понуда дојде доста доцна и немаше да му биде лесно на Сити да најде замена, -порача Бернардо. Офанзивецот е под договор со Сити до 30 јуни 2025 година.
Comments