top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сила и нервоза“ – промовиран новиот албум на „Суперхикс“ во Кисела Вода

16.04.2024 April Vtornik

Во Домот на културата “Билјана Беличанец” беше промовиран новиот албум на Суперхикс, „Сила и нервоза”.

Денешната промоција на новиот албум е само една од низата активности кои ќе се случуваат по повод 30-годишниот јубилеј на овој значаен бенд, а централната манифестација ќе се случи на 29.06., во паркот кај салата Расадник, каде Суперхикс со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт.

На настанот присуствуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култните “Суперхикс” со кои растеа и музички созреваа многу генерации. Драго ми е што Општина Кисела Вода е домаќин на нивните активности поврзани со 30 годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што кажа Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас, се до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во Расадник. Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата роденден-и тој на “Суперхикс” и на Општина Кисела Вода. Но со деталите ќе излеземе подоцна. Засега да уживаме во новиот албум кој од она што досега го слушнав, многу ми се допаѓа“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на денешната промоција.

Албумот е снимен во студиото „ТРА ЛА ЛА“ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на це де формат и на сите музички платформи.


0 views

Comments


bottom of page