top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Си поднесе оставка: Јонуз ја заврши приказната со Скопје

Искусниот македонски стручњак, Мирсад Јонуз нема повеќе да го води составот на Скопје.

Јонуз го презема тимот во текот на оваа сезона и целта беше да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција, цел која не беше остварена со оглед на тоа што популарните „пирати“ беа поразени од Вардар во вчерашниот бараж меч во Кавадарци.

„Црвено-црните“ му одржаа лекција на градскиот ривал, победа од 3-0 со која обезбедија кам-бек во најсилната домашна конкуренција. Скопје пак испадна во втора лига, а во исто време остана и без тренер.


0 views

Comments


bottom of page