top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сестрана легенда: Кијану Ривс својата заработка од оригиналниот „Матрикс“ ја донира во добротворни ц

Доброто момче од Холивуд, Кијану Ривс, наводно го донирал најголемиот дел од својот хонорар од „Матрикс“ – првиот филм од научнофантастичната сага – на центар за истражување леукемија. Американските медиуми потсетуваат дека Ривс се вози во метро и им го отстапува своето место на други патници. Го намалил својот хонорар во „Матрикс“ за неговите соработници да добијат поголема плата, а и дека помагал при разнесување техничка опрема за време на снимањето на „Џон Вик“. Според „Лед бајбл“ (LAD Bible), 57-годишниот актер донирал 70 % од својата плата од првиот филм „Матрикс“ од 1999 година – огромни 44 милиони долари – за да помогне да се најде лек за леукемија. Токму за време на успехот на „Матрикс“, Ривс одлучи дека треба да биде поблиску до својата болна сестра Ким и ја стави својата актерска кариера на пауза. Снимањето на продолженијата беше одложено, а Кијану ѝ стана негувател на Ким. Дури и кога ракот се повлече и нејзината состојба значително се подобри, Кијану и понатаму донира пари за истражување и на крајот основа сопствен фонд за борба против ракот. „Имам приватна фондација што работи пет или шест години и помага на детски болници и на центри за истражување рак. Само не сакам моето име да се споменува. Им обезбедувам средства и тие си ја вршат својата работа“, скромно откри Кијану во едно интервју. Да – тој го прави сето ова под радарот, без потреба да се фали или да биде во центарот на вниманието. Затоа што тоа е типично за Кијану, коментираат американски медиуми додавајќи: „Дали е, конечно, време Кијану Ривс да се прогласи за светец заштитник?“



1 view

Comments


bottom of page