top of page

Серијата „Следоред“ е прогласена за најдобра на 74-то доделување на наградите „еми“

На 74-то доделување на наградите „еми“, серијата „Следоред“ на Ејч-би-о освои „еми“ за најдобра драмска серија. За најдобра мини-серија е прогласена серијата „Белиот лотос“, а наградата за најдобра хумористична серија ја доби „Тед Ласо“.

Водителот и ѕвезда на „Сабота навечер во живо“, Кенан Томпсон, беше домаќин на 74-та свечена церемонија на доделувањето награди во Холивуд, велејќи дека забавата мора да се цени.

Што би правеле без телевизија, читање книги – се пошегува тој, пред да започнат танцовите настапи со тематски песни од класичниот ситком „Пријатели“ до актуелниот номиниран за најдобра драма „Чудни нешта“.

Јужнокорејскиот актер Ли Јунг Џеј е ново лице на листата на награди, откако ја освои наградата „еми“ за најдобар актер во драма за улогата во глобално популарната серија „Игра со лигни“. Така тој стана првиот јужнокорејски актер што ја доби оваа престижна награда за улога во неанглиска драма.

И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше серијата „Игри на лигни“, глобална сензација за преживување, доби „еми“ за најдобар режисер на драмска серија.

Наградата за најдобра актерка во комедија ја доби Џин Смарт, за улогата во серијата „Комичари“, а Зендаја беше прогласена за најдобра актерка во драма за улогата во серијата „Еуфорија“.

Шерил Ли Ралф беше шокирана кога нејзиното име беше повикано како победничка за најдобра споредна женска улога во комедијата „Основно училиште Абот“. Актерката го започна својот говор со пеење возбудлива а капела на песната „Endangered species“.

Јас сум жена, јас сум уметница и знам каде припаѓа мојот глас – пееше таа.


 
 
 

Comments


bottom of page