Серена ја среди втората носителка, Медведев без загубен сет во следното коло на Ју-Ес Опен
Серена Вилијамс го игра својот последен грен-слем турнир, но очигледно ужива во атмосферата во Њујорк, каде успеа да се пласира и во третото коло.
Американката ја изненади втората носителка Анет Контавејт, победувајќи ја со 2:1 во сетови и на тој начин уште еднаш се наметна како фаворит од сенка на престижниот Ју-Ес Опен.
Серена го добила првиот сет со тај-брејк, ривалката го подигна нивото во вториот и го доби со 6:2, но стигна идентичен одговор од спротивната страна, со што Вилијамс закажа дуел со Томљановиќ во следната рунда.
Актуелниот победник во машка конкуренција, Данил Медведев, не загуби сет во дуелот со Артур Риндернеш и продолжува по патот на одбрана на трофејот освоен минатата година.
Русинот беше убедлив во првиот сет (6:2), вториот го доби со 7:5, а во третиот сет направи два брејка за 6:3 и триумф од 3:0 против францускиот ривал.
Следен противник на Медведев ќе биде кинескиот тенисер Јибинг Ву.
Comments