top of page

Серена Вилијамс сe пријави за настап во двојки на Квинс во Лондон

02.06.2026 juni Vtornik

Серена Вилијамс официјално се враќа на професионалниот тенис на 44-годишна возраст, речиси четири години по нејзиниот последен настап на ВТА турнирите.

Легендарната Американка ќе настапи во двојки на турнирот во Квинс Клуб во Лондон, каде што доби специјална покана од организаторите. Нејзина партнерка ќе биде младата канадска тенисерка Викторија Мбоко, една од најталентираните играчки од новата генерација.

Вилијамс не играше професионален меч од УС Опен 2022 година, кога објави дека се „оддалечува“ од тенисот, без формално да ја заврши кариерата. Во последните месеци повторно се појавија информации дека тренира интензивно и дека се подготвува за враќање на терените.

Освојувачката на 23 Грен-Слем титули важи за една од најдобрите тенисерки во историјата на спортот. Нејзиното враќање предизвика огромно внимание во тениската јавност, а многумина веќе шпекулираат дека по настапот во Лондон би можела да се појави и на Вимблдон.

Самата Серена порача дека е возбудена што повторно ќе биде дел од натпреварувачкиот тенис и дека турнирите на трева отсекогаш имала посебно место во нејзината кариера.


 
 
 

Comments


bottom of page