Search
Серена Вилијамс нема да настапи на Аустралијан Опен
Фановите на тенисот нема да ја гледаат Серена Вилијамс на првиот грен-слем во 2022 година, Аустралијан Опен.
Американската тенисерка и организаторите на турнирот денеска потврдија дека Серена нема да биде во жребот, а причина е повреда.
Причина не е задолжителното вакцинирање, туку проблемите со повреди, а Вилијамс потенцира дека ги слушала лекарските совети во оваа ситуација.
– Мелбурн ми е еден од омилените градови и секоја година со нетрпение го очекувам Аустралијан Опен. Ќе ми недостасуваат фановите и ќе бидам нетрпелива да се вратам на потребното ниво, – изјавила Вилијамс.
Серена досега освои 23 грен-слем турнири, од кои 7 токму во Мелбурн.
Comments