Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
- Aleksandar Santovski
- Aug 9, 2022
- 1 min read
Големата тениска ѕвезда, Серена Вилијамс, навести дека ќе се повлече од професионалниот тенис и тоа веднаш по годинешниот Ју-Ес Опен.
Во текст објавен во магазинот „Вог“, Американката зборува отворено за овој дел од животот и желбата да се концентрира на други работи кои не се поврзани со тенисот.
– Доаѓа период во животот во кој мора да донесеме одлука за движење во друга насока.
– Ова е тешко посебно кога сте го сакале тоа што сте го правеле, а јас многу го сакам тенисот. Но, одбројувањето започна, мора да се фокусирам на улогата на мајка, на моите духовни цели и откривањето на нова, но возбудлива Серена, – вели Вилијамс на својот Инстаграм профил, најавувајќи го новото издание на „Вог“.
Вилијамс има 23 грен-слем титули, една помалку од рекордот на Маргарет Курт, а последниот настап ќе и биде на Ју-Ес Опен, каде стигна до шест трофеи од најважните турнири.

Comments