Серена Вилијамс и ќерката позираат во исти фустани
Updated: Dec 1, 2021
30.11.2021 Noemvri Vtornik
Серена Вилијамс позира за фотосесија со својата мини јас Алексис Олимпија Охенијан Јуниор.
На видето што го сподели на „Инстаграм“ тениската професионалка (40) и нејзината четиригодишна ќерка, двете облечени во исти фустани во боја на мандарина, се вртат пред да ја направат истата поза.
На нозете имаат црвено-портокалово-сини патики со бели врвки.
Вилијамс не ја опиша објавата, но многу нејзини познати пријатели и фанови ги коментираа фотографиите, меѓу нив и Патрик Муратоглу, тренер на 23-кратната победничка на грен слем турнири, кој напиша: „Изгледа среќата почнува со О…“ алудирајќи на малата Олимпија.
Иако не беше прикажан на видеото, нејзиниот сопруг Алексис Охенијан, коосновачот на „Редит“, со кого Вилијамс ја има ќерката, неодамна одбележа важна пресвртница за парот.
Двојката ја прослави четвртата годишнина од бракот на 16 ноември.
„Пред 4 години ме направи најсреќниот човек на светот и нашето мало семејство ме прави да се чувствувам поблагодарен секој ден. 16 ноември секогаш ќе биде многу посебен ден за нашата семејна годишнина. Среќна годишнина @serenawilliams“, напиша тој.
Comments