top of page

Серафимов го постигна првиот гол во дресот на Мол Фехервар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов го постигна својот прв гол во дресот на Мол Фехервар во првата лига на Унгарија.

Стоперот со удар со глава ја затресе мрежата на Ујпешт, но тој негов погодок не беше доволен за поволен резултат на овој меч. Имено домаќините славеа со 2-1, тим за кој шанса во самиот финиш доби Стефан Јевтоски.

Со овој триумф Ујпешт се израмни со Мол Фехервар по бројот на освоени бодови (16) во најсилната унгарска фудбалска конкуренција.


 
 
 

Commentaires


bottom of page