Search
Сер Боби по големата победа: Ги победивме Италијанците на италијански начин
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 25, 2022
24.03.2022 Mart Cetvrtok
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски ги заслужува сите почести за вечерашното херојско издание на неговите момци на „Ренцо Барбера“.
Милевски скрои одлична тактика со која ги задржа фаворизираните Италијанци во текот на целиот наптревар, за на крај цел стадион да замолкне по голот на Александар Трајковски во самиот финиш од натпреварот.
Во среде Италија, репрезентативците на Македонија одржаа лекација по катанаџо, нешто што беше својствено за италијанскиот фудбал.
– Ги победивме Италијанците на италијански начин, со гол постигнат по само два удари од целиот натпревар. Пресреќен сум за оваа победа, горд сум на моите момци, -изјави Благоја Милевски.

Comments