top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сенида се заинтересира за танцот на ЕХФ-евро во Скопје

Танчарите од студиото „Еурека“ од Македонија, заедно со артисти од Словенија и Црна Гора, беа дел од перформансот на официјалната песна Play with heart, ​која на отворањето на Европското првенство за ракомет за жени ја изведе познатата пејачка Сенида. Кики Мукаетова, која беше дел од танчарската група, на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографии од настанот, а тоа ѝ го привлече вниманието и на пејачката Сенида, која лично ѝ напиша и побара да го сподели и видеото од настапот. Сенида е регионална музичка ѕвезда, пејачка и текстописец, родена во Словенија, позната по својот длабок глас и уникатен изглед. Таа е избрана за амбасадор на Европското првенство, Песната што ја пее, „Играј со срце“, се изведува на повеќе јазици, напишана е од Гашпер Павли, продуцент е Тимотеј Лампе Игњиќ, музиката ја изработија Казафура и Сенида, а текстот е напишан од Бенџамин Крнетиќ, Сенида и Казафура.



0 views

Comentarios


bottom of page