top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сензација во Дубаи: Ѓоковиќ загуби од 123. тенисер во светот и остана без првото место на АТП листат

Сензација во Дубаи: Ѓоковиќ загуби од 123. тенисер во светот и остана без првото место на АТП листата!Јиржи Весели игра турнир од соништата во Дубаи, бидејќи откако ја мина прелиминарната рунда и квалификациските кола, запиша и трета победа на главниот турнир, но оваа е убедливо најсензационална.

Чехот како 123-ти тенисер на АТП листата го победи светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, а со тоа го детронизираше Србинот од врвот на листата, правејќи му услуга на Данил Медведев.

Без оглед на тоа што ќе се случи во Дубаи и Акапулко, Медведев наредниот понеделник ќе биде светски рекет број еден, што значи дека Новак ќе го отстапи првото место и ќе му го препушти на Русинот кој веќе подолго време игра во одлична форма.

Непремостлива пречка за Ноле во четвртфиналето на турнирот во Дубаи се покажа Весели, кој играше тенис како во транс и победи заслужено со 2:0 во сетови, што за него е втора победа против Новак во исто толку пресметки.

Весели го доби првиот сет со 6:4, па иако во вториот можеше да затвори со ист резултат, не го искористи својот прв сервис за победа. Вториот меч отиде во тајбрејкот, а таму Чехот славеше со 7:4 и се пласираше во полуфиналето на турнирот.

Овој неочекуван пораз за Ноле пристигнува после двете стартни победи против Хачанов и Музети, а со него се стави крај на една доминација на врвот на тенисот, каде Србинот мина вкупно 361 недела.



1 view

Comments


bottom of page