Семјуел Л. Џексон доби „Оскар“ за животно дело
- Aleksandar Santovski
- Mar 28, 2022
- 1 min read
Updated: Apr 1, 2022
28.03.2022 Mart Ponedelnik
Семјуел Л. Џексон, познат по неизбришливите изведби во десетици филмови, доби задоцнето признание во петокот. 73-годишниот актер, кој стекна слава во рамките на соработката со Спајк Ли и Квентин Тарантино, и кого ќе го паметиме како редовен лик во блокбастерите на Марвел, како и во „Војна на ѕвездите“, претходно имаше само една номинација за споредна улога во „Евтини приказни“ (Pulp Fiction), но не и „Оскар“. Во текот на кариерата, која трае половина век, Џексон се појави во повеќе од 150 филма. Златната статуетка за животно дело му беше доделена како признание за неговите достигнувања во кариерата. Свеченоста се одржа во петокот, два дена пред главната церемонија. Очигледно пресреќниот Дензел Вашингтон му ја врачи почесната награда, првиот негов „Оскар“, 32 години по заедничкото глумење во музичката комедија драма Mo’ Better Blues („Уште подобар блуз“). Големи таленти: Семјуел Џексон, норвешката актерка Лив Улман и американскиот актер Дени Гловер добија почесни „Оскари“.



Comentários