top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Семејството на Брус Вилис е решено да го држи активен

Семејството на холивудската ѕвезда Брус Вилис е цврсто решено да му овозможи активен живот. На 67-годишниот актер неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а сопругата Ема Хеминг Вилис и поранешната сопруга Деми Мур се трудат тој да има што е можно поисполнет живот. „Фокусот е ставен на тоа Брус да биде активен што е можно повеќе. Тој има распоред со активности секој ден. Сите во семејството инсистираат на вежби и за неговото тело и за мозокот“, анонимен извор изјави за „Пипл“. Акционата ѕвезда ги има Мејбел (10) и Евелин (8) со Ема, како и Румер (34), Скаут (31) и Талула (29) со Деми. Ема е особено одлучна во тоа децата да имаат убави спомени од својот татко. Инсајдерот изјави за „Пипл“: „Целото семејство се зближи повеќе од кога било. Таа сака да го паметат Брус како неверојатен, забавен татко. Таа сака тие да ги имаат најубавите спомени од него“.



1 view

コメント


bottom of page