top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Семејството Гучи со остра осуда за нивното портретирање во филмот на Ридли Скот

Updated: Dec 1, 2021

30.11.2021 Noemvri Vtornik

Наследниците на Алдо Гучи, кој беше претседател на модната куќа „Гучи“ од 1953 до 1986 година, издадоа официјална изјава во која се вели дека се збунети поради, како што тврдат, нивниот неточен приказ во филмот „Куќата Гучи“ во режија на Ридли Скот. „Продукцијата на филмот не се потруди да се консултира со наследниците пред да ги опише Алдо Гучи – претседател на компанијата 30 години (го глуми Ал Пачино во филмот) – и другите членови на семејството Гучи како насилници, неуки, и нечувствителни кон светот околу нив“, се вели во соопштението. Се наведува дека крими-драмата им припишува „тон и став што никогаш не им припаѓале на протагонистите на добро познатите настани“. „Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес е изграден брендот“, стои во изјавата. Заедничката изјава, која првично ја објави италијанската новинска агенција АНСА, а чиј примерок има „Вараети“, нагласува дека Патриција Реџани (ја глуми Лејди Гага во филмот), која беше осудена во 1998 година за помагање на убиството на Маврицио Гучи (го глуми Адам Драјвер) „е прикажана, не само во филмот туку и во изјавите на актерската екипа, како жртва што се обидува да преживее во машка шовинистичка корпоративна култура“. „Ова не може да биде подалеку од вистината бидејќи во текот на 70-тите години, кога компанијата ‘Гучи’ беше семеен бизнис, таа беше инклузивна компанија“, се наведува во изјавата. „Гучи е семејство што живее почитувајќи го делото на своите предци, чие сеќавање не заслужува да биде нарушено за да се приреди спектакл што е невистинит и неправеден кон своите протагонисти“. „Членовите на семејството Гучи го задржуваат правото да преземат акција за заштита на името, имиџот и достоинството на себе и на своите најблиски“.



1 view

Commenti


bottom of page