Селин Дион се расплака на премиерата на својот филм: „Вашето присуство на моето патување беше подарок“
Updated: Jun 20
19.06.2024 Juni Sreda
Познатата пејачка Селин Дион боледува од невролошко пореметување – синдром на вкочанета личност.
Дијагнозата и беше поставена во 2022 година и затоа ја одложи турнејата и сите деловни обврски.
Пејачката го сними и документарниот филм „I Am: Celine Dion“, кој следи една година од нејзиниот живот и нејзината борба со невролошко нарушување.
Неодамна се одржа премиерата на овој филм, а Селин беше многу емотивна по прикажувањето на филмот.
„Не ми се верува колку сум богата што имам вакви обожаватели во мојот живот. Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме туркаа напред низ сите проблеми“, низ солзи рече таа, пишува „Пипл“.
„Се разбира, никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца. Ви благодарам на сите од се срце што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас“, додаде Селин.
Фото: Erik Pendzich / Shutterstock Editorial / Profimedia
Новиот документарен филм на Селин Дион (56) ја прикажува здравствената борба на пејачката, како нејзината болест ѝ влијае на гласот и како изгледа нејзиното секојдневие „зад кулисите“.
Во декември 2022 година, музичката дива сподели дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој ги претвора луѓето во живи статуи. Тогаш таа сподели дека ќе ги откаже концертите од нејзината претстојна концертна турнеја.
Синоќа се одржа премиерата на филмот „Јас сум: Селин Дион“ („I Am: Celine Dion“), на која присуствуваше и пејачката.„Не ми се верува колку сум богата што имам вакви обожаватели во мојот живот“, изјави Дион, која плачела по премиерата на документарниот филм во Њујорк, пренесе „Пипл“.„Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме турнаа напред низ сите проблеми“, изјави емотивната пејачка.
Фото: Dave Allocca / StarPix / INSTAR Images / Profimedia
Покрај фановите, пејачката се заблагодари и на својот тим, но и на децата.„Се разбира, никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца. Од срце ви благодарам на сите што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас“, изјави Дион, за што беше наградена со громогласен аплауз.
Да потсетиме, синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Оваа состојба погодува само еден од милион луѓе, главно на возраст од 20 до 50 години. За жал, нема лек за оваа здравствена состојба, но симптомите можат да се ублажат со соодветни третмани.
Commentaires