top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Селин Дион искрено за својата болест: Не ја правете мојата грешка, јас ги игнорирав симптомите 17 години

31.05.2024 Maj Petok

Легендарната пејачка Селин Дион (56) проговори за своето здравје во големо интервју за престижното модно списание „Вог“.Поводот за овој разговор беше објавувањето на трејлерот за документарниот филм „Јас сум: Селин Дион“ („I Am: Celine Dion“), кој ќе почне да се емитува на филмската платформа Прајм од 25 јуни.„Се надевам дека документарниот филм нема да ги исплаши луѓето, туку дека ќе ги освести. Ми требаа 17 години – ве молам не чекајте толку долго“, раскажала пејачката.

Во 2008 година, Дион забележала дека нешто не е во ред со нејзиното здравје.„Почувствував потешкотии при контролирањето на мојот глас. Пеев високи ноти, а потоа гласот почна да ми се грчи. Отидов на лекар, ми ги прегледаа гласните жици и ми рекоа дека се отечени“, рекла Дион.

Продолжила како и дотогаш, а потоа сфатила дека има проблеми со движењето.„Почнав да се потпирам на нештата околу мене“, се присетила таа.Постерот за документарниот филм на Селин Дион / Фото: Инстаграм/Прајм

Дури во 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирусот, таа решила целосно да се посвети на здравјето и да открие за што се работи.„Не сакав повеќе да бидам храбра, сакав да бидам паметна. Кога ја добив дијагнозата – ми олесна“, признала Дион.

Како потсетување, Селин Дион се повлече од јавниот живот поради болеста со која се соочува.

Во декември 2022 година, музичката дива сподели дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој ги претвора луѓето во живи статуи. Тогаш таа сподели дека ќе ги откаже концертите од нејзината претсојна концертна турнеја.„Секогаш давам 100 отсто на моите концерти, но мојата состојба не ми дозволува да ви го дадам тоа сега. За повторно да бидам со вас, немам друг избор освен во моментов да се концентрирам на моето здравје. Имам надеж дека сум на пат кон закрепнување. Ова е мојот фокус и правам сè што можам за да се опоравам. Сакам да ви се заблагодарам за вашите охрабрувачки пораки со љубов и поддршка на социјалните мрежи. Многу ми значат. Чувајте се и бидете добро. Ве сакам и навистина се надевам дека ќе ве видам повторно за многу брзо време. Ви благодарам“, изјави Дион тогаш.

Синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Оваа состојба погодува само еден од милион луѓе, главно на возраст од 20 до 50 години. За жал, нема лек за оваа здравствена состојба, но симптомите можат да се ублажат со соодветни третмани.



0 views

Comments


bottom of page