Селин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми
Канадската поп-ѕвезда Селин Дион соопшти дека ги откажува концертите во Европа од својата светска турнеја планирана да продолжи ова лето поради здравствена состојба што ѝ го отежнува настапот. Објавата доаѓа четири месеци откако 55-годишната Селин изјави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување наречено синдром на вкочанетост, кое предизвикува грчеви во мускулите. Во тоа време нарушувањето ја принуди да одложи некои европски настапи во рамките на светската турнеја Courage („Храброст“). Пејачката – најпозната по тематската песна за филмот „Титаник“, My Heart Will Go On, се огласи на „Инстаграм“ викендов за да информира дека ја откажува турнејата. „Многу ми е жал што уште еднаш ќе ве разочарам“, напиша таа. „Работам навистина напорно за да си ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки, дури и кога сте 100 проценти во форма“.
Comments