Search
Селена Гомез планира да го напушти Холивуд
Селена Гомез навести дека ќе се прости од Холивуд за да стане мајка. Говорејќи на подтастот Giving Back Generation, 30-годишната актерка и пејачка ги откри своите планови да му каже збогум на шоу-бизот и да поминува повеќе време на филантропија и подигање деца. „Се надевам дека ќе се омажам и ќе станам мајка“, рече таа. „Со тек на време, ќе бидам уморна од сето ова, па веројатно ќе го посветам најголемиот дел од мојот живот на филантропијата пред да се смирам“. Селена исто така откри дека нејзината осумгодишна полусестра Грејси Тифи ја натерала да сака да има свои деца. „Ја гледам оваа мала личност како расте во човечко суштество. Нема подобро чувство на светот. На некој начин се чувствувам како родител, иако не сум“.
Yorumlar