top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Селена Гомез зрачи со гламур на прослава на својот роденден

Таа го прослави својот 30. роденден изминатиот викенд приредувајќи голема забава за своите пријатели.

И по тој повод, Селена Гомез го покажа својот најгламурозен изглед во проѕирен розов фустан на „Версаче“.

Таа сподели фотографија на „Инстаграм“ следниот ден. Во описот на објавата ѕвездата на Spring Breakers исто така изрази огромна благодарност за „понекогаш тешките лекции“ од нејзините дваесетти, што сигурно ќе ѝ послужат во следната деценија.

Селена е вистинска класа во овој впечатлив фустан, украсен со розов тил, што ги открива нејзините облини.



3 views

Comments


bottom of page