top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Селекцијата до 15 години ќе одигра два натпревари со Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија. Пријателските средби против Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје. Првиот контролен дуел е закажан на 11. октомври со почеток од 14. часот. Втората пресметка ќе се одигра на 13. октомври во 11. часот. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Раде Каранфилоски се одлучи да ги повика следните фубалери: Голмани: Антониј Трајковски (ССК), Павел Грбевски (Вардар); Одбрана: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Елис Жута (Јанг Тим), Стефан Стаматоски (Еврофудбал), Албан Рочи (Јанг Тим), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Алекс Започек (Ексцелсиор, Холандија), Мартин Џангаровски (Македонија Ѓ.П.); Среден ред: Давид Ангелевски (Талент), Лорент Жаку (Јанг Тим), Александар Грашевски (Њу Старс), Матео Каранфилоски (Работнички), Илија Митановски (Вардар), Стефан Бујароски (Еврофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Бленди Ганиу (Шкупи); Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Стефан Бранковски (Триглав, Словенија);


1 view

Comments


bottom of page