Селекторот на Малта го истакна „џокерот“ во македонскиот тим: Тој направи главна разлика
23.03.2023 mart Cetvrtok
Малта се покажа како тврд орев на „Тодор Проески“ и предизвика нервозна меѓу македонската публика во завршницата од мечот во Скопје, па на крајот со чесен пораз се враќа дома на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Момците на Благоја Милевски ја оправдаа фаворитската улога и заслужено победија со 2:1, резултат кој остварен во второто полувреме по прескромните 45 минути кои ги гледавме во македонската престолнина.
Елиф Елмас и Дарко Чурлинов направија главна разлика на теренот, но селекторот на противникот посебен акцент стави на крилниот фудбалер на Барнли, кој дефинитивно внесе живост откако влезе во игра.
– Можеме да бидеме горди на тоа како се прикажавме, единствено не е добар резултатот. Македонија има многу добри индивидуалци и тие го решија натпреварот. Тука посебно мислам на Чурлинов, откако влезе во игра, тој направи голема разлика.
– За многумина ние сме најлоши во оваа група, но нема да биде лесно да се победи против нас, тоа го покажавме и вечерва. Игравме со срце, со ваков пристап ќе им правиме проблеми на сите. Секогаш сум лут кога губам, но луѓето од Малта можат да бидат горди на ова издание, – изјави Микеле Марколини во прес-центарот на „Тодор Проески“.
Komentarze