top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Селекторот на Гана бесен: Добија пенал поради името Роналдо! (Видео)

Селекторот на Гана жестоко критикуваше по поразот кој го претрпе неговата селекција на дуелот против Португалија, од едноставна причина што смета дека противникот добил голема помош за да го донесе мечот во посакувана позиција.

Португалија поведе со голот од пенал на Кристијано Роналдо, откако капитенот самиот се избори за најстрога казна по еден „мек“ дуел кој го имаше со противнички фудбалер.

Играчите на Гана експресно протестираа и бараа од судијата Елфат да оди да ја провери ситуацијата на ВАР мониторот, но главниот арбитар не се колебаше, а воедно и не доби повик од луѓето во ВАР собата.

– По мечот прашав дали можам да зборувам со судијата, а тие ми рекоа дека тоа не е можно поради тоа што имал закажан состанок. Тој досуди пенал кој не беше пенал. Цел свет виде дека тоа не е пенал.

– Зошто е тоа пенал? Зошто е Кристијано Роналдо? Не знам зошто не отиде да погледне, едноставно немам објаснување. Првиот гол беше подарок од судијата. Немам забелешки за моите играчи, на крајот можевме да постигнеме и израмнувачки гол. Како и да е, честитки за Роналдо што постигна гол на својот петти мундијал, – изјави Ото Адо.


1 view

Comments


bottom of page