top of page

„Селекторот Благоја Милевски имам мотив и емоција за Македонија, но ќе видам што ќе донесе утрото и иднината!“

18.11.2025 Noemvri Vtornik

Селекторот Благоја Милевски на крајот од овој месец останува без договор со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). По поразот од Кардиф, стратегот говореше за својата иднина на клупата.

Милевски посочи дека секогаш има искра и емоција кога го води националниот тим, меѓутоа не знае што ќе донесе иднината и за тоа ќе се размисли по овој дуел во Велс. За Македонија, следен е баражот за СП 2026.„Кога се работи за Македонија, не треба да ме прашувате за искра и емоција. Емоцијата ни е патоказ за ова што го правиме. Не треба да има сомнеж дали имам мотив и емоција. Никогаш тоа нема да ми недостасува за да ја водам македонската репрезентација. Со мојот стручен тим, овие фудбалери и поддршката од федерацијата можам само да посакам ваква енергија. Ќе видам што ќе ни донесе утрото и иднинатаРазлична е ситуацијата сега и по поразот во Манчестер. Тежината вечерва беше поинаква од тој пораз. Сепак, не смеете вака да засгубите без разлика со каков противник играте и колку е тој квалитетен. Не смеете да затаите на индивидуален и енергетски план. Овој плеј-оф веќе го осигуравме, се боревме само за подобра позиција. Не успеавме во нашата цел и ќе го чекаме противникот од четвртиот шешир.На момците им е тешко, но нивниот карактер ми дава за право да бидам оптимист. Се враќале посилни од покомпликувани ситуации. Болен е овој момент, но и тој момент е дел од спортот“, изјави Милевски.

Македонија во баражот за СП 2026 ќе биде во четвртиот шешир, а можни ривали во полуфиналето ни се селекциите на Италија, Турција, Данска и Украина.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page