top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Секуловска изби прва на ранг-листата на македонските шахистки

РАНГИРАЊЕ НА ФИДЕ ЗА НОЕМВРИ

Велемајсторот (ВМ) Кирил Георгиев (2.543 рејтинг-поени, плус пет поени во однос на октомври) и понатаму води на македонската ранг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Потоа следуваат ВМ Никола Митков (2.497), ВМ Трајко Недев (2.465, минус 10), ИМ Филип Панчевски (2.450, минус 15), ВМ Александар Чоловиќ (2.440), ИМ Дејан Стојановски (2.424), ВМ Звонко Станојоски (2.409, минус четири), ВМ Владимир Георгиев (2.406), ВМ Драгољуб Јаќимовиќ (2.402, плус пет), ВМ Влатко Богдановски (2.385) итн. За одбележување се младите репрезентативци, ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Емил Ристески (2.371, плус 20 поени), кој е 11-ти, и новиот ФМ Андреј Велјановски (2.317, плус 34 поени), кој е на 18-то место. Во женска конкуренција, пак, повеќе не е прва ЖФМ Моника Стојковска (2.042, минус осум поени), туку на врвот изби поранешната репрезентативка, учесничка на седум шаховски олимпијади, ЖФМ Весна Секуловска (2.065), која долги години беше отсутна од шаховските арени и годинава повторно заигра. Трета е Бојана Бејатовиќ (2.000), а четврта е ЖИМ Габриела Коскоска (1.968, минус 18 поени). За одбележување се младите репрезентативки, Моника Жежовска (1.654, плус 68), која е 14-та, Михаела Зрмановска (1.497, плус 77) на 19-то место, Инџи Ајрадиноска (1.486, плус 48), која е 20-та итн. Екипно, Македонија, мажи, загуби едно место и сега е 55-та (со просечен рејтинг на првите 10 играчи од 2.442 поени, минус два во однос на октомври), меѓу 200 шаховски федерации во светот. Македонија, жени, остана 57. (1.932, минус два поена) меѓу 200 држави. Кај мажите нема промени во однос на октомври, први се САД (2.726, минус два поена), пред Русија (2.711, минус два) и Индија (2.694, минус еден), а нема промени и кај шахистките, води Кина (2.470), пред Русија (2.455) и Индија (2.415, минус еден поен). На машката светска рејтинг-листа, светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен (2.859, плус три), и понатаму е прв, пред Кинезот Динг Лирен (2.811) и Русинот Јан Непомнијашчи (2.793), двајцата претенденти, кои ќе играат меѓу себе за светската титула во 2023 година. Четврти е Алиреза Фирузја (2.785) од Франција, а петти Хикару Накамура (2.768) од САД, кој неодамна стана светски првак во Фишеров шах. Кај шахистките убедливо е прва Хоу Јифан (2.683) од Кина, пред Русинката Александра Горјачкина (2.584) и Индијката Химпи Конеру (2.574). Г.И.


1 view

Commentaires


bottom of page