top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Секоја чест: Андријана Јаневска во Пустец ја промовира книгата со македонските песни кои девет години ги собирала таму!

05.07.2024 Juli Petok

„Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ“ – напиша Андријана Јаневска до фотографиите од промоцијата на книгата во која се собрани народните песни од Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Нашата пејачка и сопственичка на училиште по естрадно соло пеење, Андријана Јаневска, неодамна стана доктор на науки, а деновиве се упати во Корча, Албанија каде ја промовираше нејзината најнова книга, посветена токму на Македонците од овој регион.

Веќе е познато дека Андријана 9 години напорно работела за да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, a викендов пред Македонците во Албанија ја промовираше книгата во која е собран нејзиниот труд.

Книгата е насловена „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, а беше промовирана во музејот Стерјо Спасе.„Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ.

Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони.

Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ.

Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен“ – пишува Андријана на нејзиниот Фејсбук профил.

Фото и извор: Црнобело


5 views

Comments


bottom of page