top of page

Секавање на Големиот Амбасадор на Македонскиот Фолклор во САД,Георге Џорџ Томов (1933-2008)

09.08.2026 Avgust Nedela

На 9 Август 2008 пред 19 години во Америка застана срцето на прославениот Георге Томов од Македонија кој живееше и работеше во Америка. Беше основач и играорец на ансамблот 'Томов' чии членови беа од Американско потекло.Тие 40 години ја освојуваа Американската публика во светски познатите сали Карнеги Хол и Линколн Центар.Гостуваа на фолклорните фестивали низ цела Америка и во бившите Југословенски републики исто така и на сите фолклорни фестивали во Македонија.Инаку Георге Томов е од првата постава на Државниот Фолклорен Ансамбл Танец од 1957 до 1961,а потоа член на Хрватскиот Ансамбл Ладо од 1962 до 1967 кога заминува за Америка каде продолжува со фолклорната дејност.Добитник е на многубројни државни одликувања и награди во САД и Македонија,мегу кои се:Звезда на Хармонијата 1995.,Медаља на Честа за посебни заслуги во Американското општество 2005 година.Во Македонија има добиено награда Јован Кукузел во 2000 година, и Сенатор на Македонија, постхумно во 2008 заедно со Тоше Проески и Мајка Тереза.Последното признание за особен придонес го доби во Љубојно на 2ри август 2018,во чест на големиот празник Илинден, а по повод 50 години од Македонската Радио Програма-Оро Македонско,прво радио во Северна Америка на директорот Бошко Рајчевски Пелистерски.

Да го паметиме George Tomov како голем Македонец!

Ова секавање е од неговите внуци и правници во Македонија и во Австралија,и сите што го познаваа и го почитуваа неговото дело.Исто така и сите негови играорци од Американско потекло со нивните семејства од САД,и многу Македонци на секаде низ светот.

Со почит од внуката Виолета Сантовска и Правнукот Александар Сантовски и Слободан Биневски


За оние што сакаат да дознаат повеке можат да видат на Youtube George Tomov каналот https://www.youtube.com/@georgetomov1959


 Во 2000 година знамето од Кутлеш,Егејска Македонија шиено правено рачно од Ѓеорге Томов по повод неговата манифестација со кореографија на сите борци за Македонија,и со народни игри и песни од неговиот ансамбл Томов,со наслов Милениумски Ораториум во Америка

Во видеото на 13 мин и 33 секунди може да се види подигнувањето на 16 кракото знаме од Кутлеш

Песна за Јане Сандански во изведба на играорцитеи играорките на Георге Томов од Америка


За оние што сакаат да дознаат повеке можат да видат на Youtube George Tomov каналот https://www.youtube.com/@georgetomov1959


 
 
 

Comments


bottom of page