Секавање на Големиот Амбасадор на Македонскиот Фолклор во САД,Георге Џорџ Томов (1933-2008)
09.08.2023 Avgust Sreda
На 9 Август пред 15 години застана срцето на прославениот основач и играорец на ансамблот 'Томов' чии членови беа од Американско потекло.Тие 40 години ја освојуваа Американската публика во светски познатите сали Карнеги Хол и Линколн Центар.Гостуваа на фолклорните фестивали низ цела Америка и во бившите Југословенски републики исто така и на сите фолклорни фестивали во Македонија.Инаку Георге Томов е од првата постава на Државниот Фолклорен Ансамбл Танец од 1957 до 1961,а потоа член на Хрватскиот Ансамбл Ладо од 1962 до 1967 кога заминува за Америка каде продолжува со фолклорната дејност.Добитник е на многубројни државни одликуванја и награди во САД и Македонија,мегу кои се:Звезда на Хармонијата 1995.,Медаља на Честа за посебни заслуги во Американското општество 2005 година.Во Македонија има добиено награда Јован Кукузел во 2000 година, и Сенатор на Македонија, постхумно во 2008 заедно со Тоше Проески и Мајка Тереза.Последното признание за особен придонес го доби во Љубојно на 2ри август 2018,во чест на големиот празник Илинден, а по повод 50 години од Македонската Радио Програма-Оро Македонско,прво радио во Северна Америка на директорот Бошко Рајчевски Пелистерски.
Да го паметиме George Tomov како голем Македонец!
Ова секавање е од неговите внуци и правници во Македонија и во Австралија,и сите што го познаваа и го почитуваа неговото дело.Исто така и сите негови играорци од Американско потекло со нивните семејства од САД,и многу Македонци на секаде низ светот.
Со почит од внуката Виолета Сантовска и Правнукот Александар Сантовски и Слободан Биневски
Во 2000 година знамето од Кутлеш од Вергина,шиено правено рачно од Ѓеорге Томов по повод неговата манифестација со кореографија на сите борци за Македонија,и со народни игри и песни од неговиот ансамбл Томов,со наслов Милениумски Ораториум во Америка
За оние што сакаат да дознаат повеке можат да видат на Youtube George Tomov каналот https://www.youtube.com/@georgetomov1959
Comments