Сезоната на виенски балови, конечно, во полн ек
- Aleksandar Santovski
- Jan 16, 2023
- 1 min read
Откога пандемијата ги стопира традиционалните балови во Виена две години по ред, многумина едвај дочекаа да се препуштат на валцерите во блескавите сали со раскошни цветни украси. Градот Виена загуби околу 300 милиони евра приход затоа што беа пропуштени две сезони на познатите балови поради Ковид-19, но оваа година сè се врати на своето место. Згора на тоа, матурската сезона може да биде една од најуспешните досега. Директорот на одделот за туризам на Стопанската комора на Виена, Маркус Грислер, очекува градот оваа сезона да заработи 170 милиони евра. „Секој трет виенец на возраст над 15 години планира да оди барем на еден од баловите“, рече Грислер споредувајќи ги податоците со претпандемиската 2019 година кога секој четврти жител на австриската престолнина планирал да оди на бал. Тој очекува дека до крајот на сезоната ќе бидат продадени 550.000 влезници. Секој учесник во просек троши по 320 евра за бал, а секој десетти доаѓа од странство.



Commentaires