top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Седумдесет и третото Берлинале-полн погодок, во првата седмица продадени 267 илјади билети

По првата недела на Берлинскиот филмски фестивал

Полни кина, гламурозни гости на црвените килими и бројни славни личности од светската филмска и музичка сцена ја одбележија првата недела од 73 Берлинале.

Доделувањето на почесната златна мечка на американскиот режисер Стивен Спилберг, беше изведена пред близу две илјадната публика во Берлинале Паласт, која остана без здив . Уште пред влезот во салата на Берлинале Паласт имаше повеќеминутни овации. Воодушевување, гласно одобрување и долги ракоплескања за режисерот продолжија и во салата, но истотака и за зборовите што во таа чест ги упати пејачот на U2 Боно. Тој всушност и му ја врачи престижната награда на Спилберг.

Во врска со посетата и одекот во јавноста на Берлинскиот фестивал, директорите на Берлиналето, Мариете Рисенбек и Карло Чатријан изјавија дека се исклучително задоволни што евидентно кината се исполнети во полн капацитет, дека публиката повторно може заеднички и во голем број, без здравствени задршки да го доживее киното како некогаш, и дека фестивалот повторно е место за „возбудливи искуства, инспиративни средби и живописна размена“.

Тие истакнаа дека до крајот на првата недела од Берлинскиот фестивал се продадени 267.000 билети и дека посетеноста на проекциите од страна на медиумите исто така многу висока – понекогаш 100 проценти, односно 90 проценти во просек.

Тие го истакнаа фактот дека се направило „полн погодок“ со новото место на Берлиналето, односно Verti Music Hall и дека се ислучително задоволни како публиката го прифатила.


1 view

Kommentare


bottom of page