Седум титули за Македонија на детски избор за убавина во Бугарија
Updated: Apr 12, 2022
11.04.2022 April Ponedelnik
Во Банско, Бугарија, викедов се одржа детскиот избор за убавина „Литл Мис енд Мистер галакси 2022“, каде Македонија ја претставуваа шест деца во различни возрасни категории и сите успеаја да освојат титули.
Малиот Михаил Михаилов (5) од Куманово го освои првото место и титулата „Литл мистер галакси 2022 – гран при“, Нина Црнокрак (10) од Скопје, исто така, го освои првото место и титулата „Литл мис галакси 2022 – гран при“, Матеја Дудиќ Дамјаноска (12) од Тетово е победничка во категроијата „При-тин галакси“, додека Дора Стефанова (14) од Скопје ја освои титулата победничка во „Мис тин галакси 2022“, во категорија до 15 години
Јована Угриноска (16) од Прилеп е победничка во категоријата тинејџери до 17 години, а шестата наша претставничка, Елена Додевска (13) од Скопје освои две титули, „Литл принцес“ и специјална титулата од општината Банско која беше покровител на манифестацијата.
Изборот се одржа во хотелот „Гранд“ во Банско, во организација на модната агенција „Интерсаунд“ од Софија, која 12 години по ред е домаќин на оваа манифестација.
Децата што учествуваа на изборот се членови на модното студио „Црнокрак“.
Comments